indija

08.03.2024 Скопје

Индиската влада соопшти дека ги зголемила платите и пензиите за четири отсто, за да ги прилагоди на инфлацијата, за 11,7 милиони вработени и пензионери.

Според министерот за трговија Пијуш Гојал, тоа ќе го чини државниот буџет на земјата 1,42 милијарди евра (128,69 милијарди индиски рупии) годишно.

Тој додаде дека ова е начин на борба против поскапувањето на живот.

Зголемувањето ќе го почувствуваат околу 4,9 милиони државни службеници и 6,8 милиони пензионери, се вели во соопштението на Владата.

Освен тоа, федералната влада во Делхи, како и владите на државите, најавуваат корекции на платите двапати годишно поради инфлацијата, а последното вакво зголемување беше објавено во октомври.

Одлуката за зголемување на таксите доаѓа пред распишувањето на националните избори, на кои премиерот Нарендра Моди се кандидира за трет мандат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author