28.03.2024 Скопје
Две лица се приведени, а полицијата врши претреси во врска со случајот во кој убиен беше доктор во кругот на поликлиниката Железара.
Ова го потврди и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот истакна дека, според информациите со кои во моментов располага, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на жртвата.
Подготвено од М.Д.