07.03.2024 Скопје
Минхенскиот институт за економски истражувања, ИФО, објави дека германскиот бруто домашен производ, БДП, годинава ќе порасне за 0,2 отсто.
Тоа е за 0,5 процентни поени помалку од нивната прогноза во јануари и 0,7 процентни поени помалку од декември. Институтот ја зголеми прогнозата за раст за следната година за 0,2 процентни поени на 1,5 отсто.
Тимо Волмерсхаузер, шеф на прогнозата во ИФО, проценува дека потрошувачката воздржаност, високите каматни стапки и растот на цените, како и владините мерки за штедење и слабата глобална економија во моментов ја кочат економијата во Германија и водат кон нова зимска рецесија.
Според проценките на ИФО, економската активност на Германија ќе забрза кон средината на 2024 година, кога постепено ќе исчезнат товарот на каматните стапки и цените, а куповната моќ на потрошувачите ќе расте.
Подготвено од А.Ѓ.