zdravje ortoreksija zdrava ishrana

07.03.2024 Скопје

Треба да имаме енергија и сила за тренинг и затоа треба да избегнуваме несоодветна храна пред тренинг.

Најдобрата ужина пред тренинг е комбинација од јаглехидрати и протеини, а еден предлог е банана и малку путер од кикирики со крекери.

Соодветна храна и пијалок и правилен оброк пред тренинг се многу важни бидејќи несоодветната храна може да предизвика проблеми како гадење, грчеви во стомакот, подригнување, низок шеќер во крвта, повраќање, надуеност, дијареа.

Храна и пијалоци што треба да ги избегнувате пред тренинг

Пред тренинг секако треба да заборавиме на зеленчукот кој предизвикува надуеност (брокула, кромид, грав), брзата храна која е многу масна (хамбургер, помфрит), како и сладоледот. Не треба да консумираме овошје кое предизвикува гасови (круши, јаболка и дињи), но и големи порции протеини и јаглехидрати, храна богата со заситени масти, диетални влакна, тестенини, пилешко, кифлички со сирење, протеински бар…

Гранола или протеински бар

Овие може да изгледаат како добра закуска пред да одите во теретана, но не постои јасна дефиниција за тоа што навистина се. Секогаш треба да проверувате, бидејќи и двете може да имаат многу шеќер. Телото брзо ќе изгори сè и нема да ни остане ништо.

Зеленчук богат со растителни влакна

На нашето тело му требаат влакна, но не пред тренинг. Зеленчукот како брокула, бриселско зелје или карфиол тешко се вари, што може да го направи непријатно вежбањето. Треба да консумирате полесен зеленчук, како што се добро сварен аспарагус или компири.

Храна со висока содржина на масти

Не сите масти се лоши за нас. Но, храната која е богата со масти не е добра ако имаме намера да бидеме активни. Црвеното месо, на пример, го тера телото да работи напорно за да ги претвори мастите во енергија, што може да не измори пред да почнеме да вежбаме.

Јогурт

Како и кај протеинските барови, треба да се внимава на составот. Некои видови, на наше изненадување, може да бидат богати со шеќер и масти, што не е добро ако имаме намера да одиме на тренинг.

Смути

Теоретски, смутито е одлично за хидратација и внес на хранливи материи во исто време. Но, во пракса, тие можат да бидат далеку од идеални. Некои се полни со шеќер и обезбедуваат само краток излив на енергија. А во зависност од тоа што содржат, едно смути може да има дури 800 калории.

Лен

Ова семе има секакви потенцијални здравствени придобивки – некои луѓе го користат за да се обидат да го ублажат запекот или да го намалат холестеролот. Сепак, ленот има многу влакна и масни киселини, кои не ни се потребни пред тренинг. Значи, кога го вклучуваме во исхраната, треба да внимаваме кога го консумираме.

Намирници од ресторани за брза храна

Можеби е примамливо, но брзата храна треба да се прескокне на пат до теретана. Големи се шансите да се чувствуваме непријатно сити, а мастите и шеќерот во повеќето брза храна ќе не спречат да го извлечеме максимумот од вежбањето.

Енергетски пијалоци

Како и смутито, и овие пијалоци може да изгледаат како природен засилувач пред тренинг. Сепак, тие содржат многу работи кои можат да не направат нервозни и да ни го зголемат отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Затоа е многу подобро да избегнувате енергетски пијалоци, кои се полни со шеќер и кофеин.

Газирани пијалоци

Овие пијалоци содржат двојно поголема дневна доза шеќер и кофеин. Ќе ни обезбеди излив на енергија што брзо исчезнува и многу калории, заедно со сите проблеми што може да ги предизвика кофеинот. Тие немаат хранлива вредност и не се добар избор за хидратација.

Немојте да бидете гладни

Иако многу работи не се добри како ужина пред тренинг, исто така не е добро да одиме на тренинг на празен стомак и гладен, дури и ако се обидуваме да ослабеме. На нашето тело му треба гориво за да биде силно, но му треба вистинското гориво во вистинско време.

Што да се јаде пред тренинг?

Експертите велат дека пред тренинг, најдобрата ужина е комбинација од јаглени хидрати (за да ни даде гориво) и протеини (за нашето тело да биде подготвено за градење и обновување на мускулите). Некои од предлозите се банана и малку путер од кикирики со крекери, грст ореви и суво грозје или тврдо варено јајце.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author