21.03.2024 Скопје
Пет доенчиња со голема кашлица се хоспитализирани во Клиниката за респираторни заболувања Козле. Сите се невакцинирани, а најмалото е бебе од само два месеца. Здравствената состојба им е стабилна, но мора да се под лекарски надзор.
Освен кај доенчињата, големата кашлица зема замав и кај децата од школска возраст. Кај нив симпотмите се полесни и тие се праќаат на домашно лекување. Лекарите се децидни дека тие деца што се вакцинирани ја поминуваат болеста многу полесно.
„Симптомите се многу слични како секоја обична вироза и настинка, меѓутоа кашлицата не отстапува, таа продолжува и добива масовност, агресивност и напади на кашлица, дури во втората или третата недела од болеста кај детето, но можам да констатирам дека школските деца ни се апсолутно постабилни оние кои се вакцинирани, тие имаат многу постабилна клиничка слика“, вли д-р Мирјана Поповска од УК за респираторни заболувања кај деца Козле.
Од Комисијата за заштита од заразни болести велат дека ја следат состојбата и во училиштата, но оценуваат дека таму засега состојбата не е аларамантна како во градинките.
„Затоа мерката е фокусирана на градинките. Тоа не значи дека немаме пертусис и кај децата од шкослка возраст, но таму не е алармантна сликата, ако видиме дека и таму е алармантна сликата, секако дека ќе размислуваме и за мерки кои ќе се однесуваат на улилиштата, но најголемиот број сега се од 0-4 години и децата кои посетуваат градинки“, вели д-р Злате Мехмедовиќ од Комисијата за заштита од заразни болести.
За лекарите годинава е една од најлошите години на детеиктирани бројки на пертусис. Во Центарот за јавно здравје Скопје само денеска се регистрирани 11 нови случаи. Најмладиот пациент е бебе од 4 месеци, а највозрасниот има 44 години.
Од комисијата велат дека целта сега е да се спречи епидемија на национално ниво. Пертусисот е второ најзаразно заболување веднаш по морбилите кои се на прво место, а против кои исто така е алармантно опаднат опфатот на вакцинација.
Подготвено од М.Д.