20.03.2024 Скопје
„Мислам дека во еден момент нашиот специјален пратеник Габриел Ескобар во однос на заедницата и Курти рече дека тоа ќе го направиме со или без господин Курти. Тоа се силни зборови и мислам дека САД застанаа зад нив“, изјави американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил.
Во пресрет на одбележувањето 25 години од почетокот на агресијата на НАТО врз СРЈ, Хил изјави дека во тоа време никој не бил воодушевен од бомбардирањето и дека постоела надеж дека бомбардирањето може да се избегне.
Хил изјави дека го разбира проблемот со односите со НАТО, како и дека САД ја почитуваат позицијата на Србија, која води политика на воена неутралност.
„Но, Србите во одреден момент можат да дојдат до поинаков заклучок. На пример, Шведска имаше политика на неутралност. Таа траеше 200 години. Тие направија промена. Затоа мислам дека некако зависи од Србија да одлучи што сака да направи “, додаде тој.
Хил, меѓу другото, рече дека САД денес се најголемиот трговски партнер на Србија во услугите и дека инвестираат не само во различни фабрики, туку и во некои од најсовремените технологии, кои исто така се дел од американско-српските односи.
Подготвено од А.Ѓ.