19.03.2024 Скопје
Украинската армија напуштила бројни позиции во близина на селата Орловка и Тоненко, во близина на Авдеевка, изјави Игор Кимаковски, советник на гувернерот на Доњецката Народна Република (ДНР).
„Жестоките борби кај Тоненко и Орловка вродија со плод. Под притисок на нападот на нашата армија, украинските вооружени формации напуштија голем број позиции таму“, изјави Кимаковски.
Кимаковски додаде дека при повлекувањето Украинците ги оставиле телата на паднатите војници.
Подготвено од А.Ѓ.