22.03.2024 Скопје
Грчкиот парламент вчеравечер даде зелено светло за набавка на седум противпожарни авиони ДХЦ-515 од канадската комерцијална корпација за 361 милион евра.
Со овие седум противпожарни авиони од Канада, Грција ќе ја зајакне својата одбрана од шумски пожари кои направија хаос низ земјата во последните години.
Според договорот, авионите мора да бидат испорачани меѓу 2027 и 2030 година. Новите авиони можат да пренесат поголеми количества вода што треба да се фрлаат во погодените области од авионите за гаснење пожар „Канадер“, што земјата ги има и ги користи долго време.
Два од авионите ќе бидат дел од програмата на ЕУ – RescEU, што значи дека Грција може да ги позајми на други земји во блокот.
Подготвено од А.Ѓ.