grcijaaaaa

05.03.2024 Скопје

Според податоците што ги анализираа грчките научници, оваа зима беше најтоплата досега забележана во Грција, што ја загрозува одржливоста на земјоделските култури и ги зголемува стравувањата од уште едно лето со разорни пожари.

Националната опсерваторија на Атина објави дека од декември до февруари, просечната највисока температура била 11,3 степени Целзиусови, што е за 1,8 степени над просечните највисоки вредности за периодот од 1960 до 2024 година.

Ова беше најтоплата зима од почетокот на евиденцијата во 1936 година. Шест од најблагите зими некогаш забележани во Грција се забележани во претходните десет години.

„Температурата беше над нормалата повеќето денови, со само мали интервали на студено време. Ова е нова реалност и мораме да ја сфатиме сериозно. Климатските промени несомнено се тука“, изјави Константинос Лагувардос, директор за истражување во Националната опсерваторија.

Податоците предизвикуваат загриженост во Грција, која е една од најранливите земји во Европа. Минатото лето во пожарите во оваа земја загинаа најмалку 20 луѓе, а во текот на есента рекордните обилни дождови уништија домови, добиток и земјоделски култури.

Оваа зима скијачките центри во Грција забележаа помалку снег од вообичаено. Топлото време може да биде и лоша вест за земјоделците, чии култури, вклучително и познатите маслинки во Грција, имаат корист од студените зими и сезоната на цветање во пролет.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author