20.03.2024 Скопје
Според резултатите на истражувањето на јавното мислење кај граѓаните, се зголемува опозициското расположение во месец март.
Имено во месец март на прашањето „во каква насока се движи Република Северна Македонија?“, 57,1% од граѓаните изјавиле дека државата се движи во целосно погрешна насока, што е зголемување во споредба со 55,4% од испитаниците дадено во февруари, а 15,4% од граѓаните во март месец изјавиле дека донекаде е погрешна насоката.
Овие две опции, кои не се задоволни од насоката во која се движи државата, сочинуваат над 70% од анкетираните. 13,2% од граѓаните изјавиле дека донекаде е правилна, а само 8,6% дека Република Северна Македонија се движи во целосно правилна насока. 5,7% од анкетираните не знаеле или немале одговор.
Во анкетата од март месец се бележи и зголемување на бројот на испитаници кои сметаат дека по наредните избори треба да има промена на актуелната власт, во споредба со одговорите од февруари.
Високи 64,4% се изјасниле дека треба да има промена на власта, што е за 2% повеќе од минатиот месец, 17,9% сметаат дека власта не треба да се менува, а 17,7% не знаеле или немале одговор.
Подготвено од М.Д.