27.03.2024 Скопје
Градинките во Скопје имаат евиденција колку од децата кои немаат уреден вакцинален статус не се згрижуваат, бидејќи Mинистерството за здравство ги презема сите активности, изјави од Штип дополнителниот министер за труд и социјална политика Ѓоко Велковски одговарајќи на новинарско прашање дали се знае колкав е процентот на деца кои се згрижени, како и колку деца поради неуреден вакцинален статус не се згрижуваат во скопските градинки.
„Градинките го почитуваат законот, целата ситуација со инспекциите ја презема Државниот здравствен и санитарен инспекторат, којшто ги врши контролите на терен, нашите инспектори ги продолжуваат оние редовни активности по закон за пратење на контролата на ситуацијата и на целокупниот процес на функционирање во детските градинки. Навистина жалам што Скопје е област каде што ситуацијата е голема, иако на целата територија на Република Северна Македонија процентот на вакцинирани дечиња е навистина голем во голем број од градовите“, истакна Велковски.
Тој упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита. Прашан дали мерките се покажаа како добри за намалување на бројот на деца со голема кашлица, Велковски истакна дека пред десеттина дена пред да се воведе мерката за забрана за прием на дечиња во градинките кои немаат уреден вакцинален статус, имало пет заразени дечиња кои биле вакцинирани целосно.
„Најголем дел од дечињата кои беа сместени во клиниките беа од основно и средно образование. Алармантно беше во Скопје и затоа претпоставувам дека беа донесени одлуките од Комисијата за заразни болести, а потоа и од министерот за здравство“, потенцираше Велковски.
Подготвено од М.Д.