14.03.2024 Скопје
Со парите не се купува среќа, но истражувањето на ValletHub покажа дека Фримонт има најголем број домаќинства во САД – дури 80 проценти – со годишни приходи поголеми од 75.000 долари или 6.250 долари или 5.700 евра месечно.
Фримонт, Калифорнија е најсреќниот град во Соединетите Држави или барем тоа е така според истражувањето на ValletHub, веб-страница специјализирана за лични финансии.
Веќе петта година по ред се смета за најсреќен град во САД.
Овој град се најде на првото место благодарение на студијата која ги анализираше податоците во три главни области: емоционална и физичка благосостојба на жителите, приход и вработување и заедница и животна средина – во 182 од најголемите американски градови.
Поконкретно, анализирани се податоците како што се индексот на задоволство, просечната количина на сон, спортувањето, очекуваниот животен век, бројот на разводи, стапката на невработеност и годишниот приход.
Неколку разводи и долг животен век
ValletHub откри дека луѓето во Фримонт се исклучително задоволни од својот живот, имаат ниски стапки на депресија и долг животен век. Покрај тоа, градот има најниска стапка на разводи во земјата.
Интересно е да се забележи дека Калифорнија е најзастапената американска држава на листата на 10 најсреќни градови на ValletHub. Покрај Фримонт, на листата има уште три града во Калифорнија – Сан Хозе на третото место, Ирвин на петтото и Сан Франциско на седмото место.
Десетте најсреќни градови во САД во 2024 година:
1. Фримонт, Калифорнија,
2. Оверленд парк, Канзас,
3. Сан Хозе, Калифорнија,
4. Медисон, Висконсин,
5. Ирвин, Калифорнија
6. Хонулулу, Хаваи
7. Сан Франциско, Калифорнија
8. Перл Сити, Хаваи
9. Колумбија, Мериленд
10. Скотсдејл, Аризона
Подготвено од А.Ѓ.