27.03.2024 Скопје
Се гледа ли крајот на епидемијата? Во Скопје големата кашлица го достигна својот врв, но сега почна да се шири и надвор од главниот град, каде се очекува пораст на бројките, оценуваат дел од епидемиолозите.
Дополнителниот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, од Штип истакна дека градинките во Скопје ги почитуваат мерките против големата кашлица, но упати апел до родителите да ги вакцинираат своите деца, со цел да бидат дел од детската заштита.
Но, можна ли е нова епидемија со морбили? Она што треба сериозно да не загрижува е ситуацијата со морбилите, кои буквално ни “тропаат на врата“, вели д-р Олумчев, според кој можното, а најверојатно прелевање на мали сипаници од регионот е резултат на нискиот опфат со вакцината против морбили, а бидејќи сите држави на Балканот сме поврзани и иако имаме граници, сепак болеста не познава граници, па токму затоа ни се случи и големата кашлица.
Инаку, според последните податоци од Институот за Јавно Здравје во периодот од 15-21.март пријавени се 72 нови случаи на голема кашлица, од кои 9 се хоспитализирани. Од нив најголем дел се од Скопје, а пријавени случаи има и во Куманово, Битола, Тетово, Дебар и Струга. Најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години.
Подготвено од М.Д.