https://www.flickr.com/photos/cementley/34640312584/in/photolist-2UBENz-UM3E5G-Vp6wP4-bbv8HP-Vz4mLg-VvvsgN-UktYDv-Uku59i-Vnuk6k-Vz487n-ieSU9R-VvvvLo-2mfz92W-VvvkpG-5UP3Vv-249cmy1-EFmkNH-wLqvo-Gncwsn-5rAsPR-23gqqnu-7KfKut-5mtees-2cPoGZZ-VkRRt5-SniGgy-oKYPMb-EPsHU9-VjsCm5-dbRMLH-Sj1qUw-5vtfZz-GvRkin-5DS921-UYTrow-2kQuapa-2kQuaoJ-9mMxVF-2avopL7-4N9Qk-gMpye7-8yAMjL-Gxae6P-nzyUx9-o7GvUv-SE6tY9-9nAJKp-3dv8aD-o5C6MF-74dvkW

15.03.2024 Скопје

Годишната стапка на инфлација во Црна Гора падна во февруари од 4,4 отсто во јануари на 4,3 отсто, објави денеска на својата веб-страница црногорскиот завод за статистика Монстат.

Цените на облеката и обувките пораснале за 12,6 отсто на годишно ниво, станбените и комуналните услуги пораснале за 6,7 отсто, алкохолните пијалоци и тутунот за 3,8 отсто, но темпото на раст во сите наведени случаи е побавно во однос на јануари.

Наспроти тоа, цените на транспортот се зголемија за 3,2 отсто на годишно ниво, а ресторанските и хотелските услуги за 14,1 отсто, со побрзо темпо од јануари.

На месечно ниво цените во Црна Гора се зголемени за 0,4 отсто.

Најголем месечен раст е забележан во транспортот од 2,4 отсто, како и во категоријата мебел, покуќнина и рутинско одржување на станови од 1,1 отсто, а цените на храната и пијалаците се зголемени за 0,6 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author