22.03.2024 Скопје
НАСА објави дека глобалното просечно ниво на морето се има зголемено за околу 0,76 сантиметри од 2022 до 2023 година, речиси четири пати повеќе од претходната година.
Анализата на НАСА се заснова на повеќе од 30 години сателитски набљудувања, со првичното лансирање на сателитот во 1992 година и последното во 2020 година.
Севкупно, нивото на морето се зголеми за околу 10 cm од 1993 година. Стапката на пораст исто така се забрза, повеќе од двојно се зголеми од 0,17 cm годишно во 1993 година на сегашната стапка од 0,43 cm годишно.
Надја Виноградова Шифер, директорка на тимот на НАСА за промена на нивото на морето и програма за физика на океаните во Вашингтон, истакна дека сегашните стапки на забрзување значат дека сме на пат да додадеме уште 20 сm на глобалното средно ниво на морето до 2050 година.
Таа истакна дека тоа би било двојно повеќе од промените во следните три децении во споредба со претходниот век, создавајќи иднина каде што поплавите се многу почести и покатастрофални отколку денес.
Ел Нино е природен временски феномен поврзан со нарушување на шемите на ветерот што значи потопли температури на површината на океаните во источниот и централниот дел на Пацификот.
Ел Нино, кој се јавува во просек на секои две до седум години, обично трае од девет до 12 месеци и може да предизвика екстремни временски настани како што се шумски пожари, тропски циклони и долги суши.
Спротивно на тоа, Ла Нина е временска шема која се карактеризира со невообичаено ниски температури во Тихиот Океан.
Подготвено од А.Ѓ.