https://www.flickr.com/photos/sor_prendente/4182130050/in/photolist-DPdXAG-qQ5pS5-7ABGnD-7Z3sib-7nyvyw-c7BQEu-SMhz6q-7DPGv3-kH83NM-257cfdt-pQgUNF-4YnY4y-a3GRud-7KpkEi-2117YMh-zxfJaq-9xAjUf-J8vrhG-2dRsqit-92GSAj-GDH7Aw-odBS65-7nndQY-cH37x1-nbfE1Y-r4Gn9w-24ekAVT-Rshshg-qMRcYs-zY4WBL-JSK2PV-JeE4BM-Ks3d4S-SJVB65-Sgpjry-ixjDwF-cx8uxL-7qfPGZ-27uiHoS-XJoirt-QJqCkM-dGKvj7-22f7Anm-Hjzzq2-wkeXUG-e77wg1-Kkvk61-dJrqyw-BVezmq-U4Nu5z

11.03.2024 Скопје

Машиновозачите на германската железничка компанија Дојче Бан најавија шести круг штрајкови од денеска до среда во долготрајниот спор за платите.

Синдикатот на машиновозачите ГДЛ синоќа соопшти дека в понеделник во 17 часот ќе започне 24-часовен штрајк во карго одделот на Дојче банк, додека во вторник наутро во 01 часот ќе започне уште еден 24-часовен штрајк на машиновозачите на патничките возови.

Германија се соочи со удари на неколку фронтови.

Синдикатот на кабинскиот персонал на Луфтханза овој викенд ги повика своите членови на штрајк во вторник и среда во Луфтханза и во авиокомпанијата за кратки дестинации „Сити Лајн“ за да побараат повисоки плати.

Синдикатот на стјуардесите НЛО во саботата соопшти дека штрајкот, за кој гласаа членовите, ќе влијае на полетувањата од аеродромот во Франкфурт во вторник и на полетувањата од Минхен во среда.

Луфтханза соопшти дека околу 100.000 патници најверојатно ќе бидат погодени од штрајковите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author