21.03.2024 Скопје
Германскиот парламент даде зелено светло за купување на четири системи за воздушна одбрана „Патриот“ за неговите вооружени сили.
Германското воено воздухопловство и предало на Украина два свои системи „Патриот“ и има уште десет системи за свои потреби.
Овој противвоздушен систем е меѓу најмодерните во светот и се користи за борба против непријателски авиони, балистички ракети и крстаречки ракети.
Овие одбранбени проектили можат да погодат цели на оддалеченост од околу 100 километри и на надморска височина до 30 километри во имагинарен прстен околу позицијата – во зависност од употребената ракета.
Вкупните трошоци за купување на четири системи се проценуваат на 1,3 милијарди евра.
По одлуката на Комисијата за одбрана потребното одобрение за набавка го дала и Комисијата за буџет, според извештаите од Бундестагот.
Подготвено од А.Ѓ.