adidas

13.03.2024 Скопје

Германскиот производител на спортски обувки и облека Адидас денеска ги објави резултатите за минатата година, од кои произлегува дека компанијата ја забележа првата годишна загуба од 1992 година.

Нето загубата на Адидас за 2023 година е 14 милиони евра, а загубата од континуираното работење е 58 милиони евра, се вели во финансискиот извештај на компанијата.

Германската компанија беше принудена да ја прекине соработката со раперот Џе (Кание Вест) за производство на патики Yeezy, откако контроверзниот уметник даде серија антисемитски изјави.

Според Адидас, раскинувањето на ова партнерство довело до загуба од приближно 500 милиони евра потенцијален приход.

Компанијата и покрај големата загуба од патиките „Yeezy“ и многу конзервативната стратегија за продажба, успеа да оствари постојани приходи, изјави извршниот директор на „Адидас“, Бјорн Гулден, додавајќи дека компанијата во 2023 година остварила оперативен профит од 268 милиони евра.

„Адидас“ очекува да ги продаде преостанатите патики „Yeezy“ оваа година и да се врати на профитот, а во исто време предвидува оперативен профит од 500 милиони евра до крајот на 2024 година.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author