adidas kompanija

22.03.2024 Скопје

Германската фудбалска репрезентација од 2027 година ќе настапува во спортска опрема на американската компанија Најк, со што ја прекинува соработката со Адидас, која трае повеќе од 70 години.

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Бернд Нојендорф рече дека партнерството со Најк „ќе и овозможи на ДФБ да продолжи да ги извршува клучните задачи насочени кон сеопфатен развој на фудбалот во следната деценија“.

Планирано е партнерството да започне во јануари 2027 година и да трае до 2034 година, а висината на договорот не е објавена.

Најк во овој период треба да ги опреми сите категории на германската фудбалска репрезентација, односно женската, машката и младинската селекција.

Компанијата Адидас моментално плаќа околу 50 милиони евра годишно на Германскиот фудбалски сојуз, додека според информациите на Ханделсблат понудата на компанијата Најк била трицифрена, односно повисока од 100 милиони евра годишно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author