20.03.2024 Скопје
Геодетите обвинуваат дека и натаму имаат притисоци од директорот на катастар Борис Тунџев. Комората на геодети застана зад своите членки. Од комората велат дека ќе сторат се да се спротистават на Агенцијата за катастар, бидејќи тие со своите репресии почнаа да бидат виновници за затворање на одредени фирми.
Од геодетската комора уште еднаш ја обвинуваат агенцијата за кататастар поточно нејзиниот директор, дека сега тој влијае врз одликуте на судската власт кои врз геодетските компании носи контрадикторности.
„Комората застана на патот за своите членки, што е едно од основните начела на поморското здружување, сега тоа на агенцијата и засмета и со крајно сомнителни одлуки, и против уставни промени на против законски акти ја тргнаа комората на страна и влегоа во директно пресметување, со приватните геодетски компании,овој пат сакаме да го изразиме и огромниот сомнеж дека за сето ова што го прави агенцијата добива помош и од судската власт, ако до пред две години правдата беше задоволена со одредени судски одлуки сега комората почнала да добива до некаде и скандалозни пресуди од страна на управниот суд, а најново нешто што ја немаме одлука официјално е од Уставен суд.“ – вели Никола Рибаровски претседател на Комора не геодети.
Неколку години постои вистинска тензија помеѓу Комората на геодети и Агецијата за катастар. Во меѓувреме се зголемија цените за услугите на геодетите, но и услугите на катастарот. Тројно поскапеа дел од катастарските услуги.
При купување нов стан и упис во Катастар, за имотен лист наместо 1,250 денари, граѓаните ќе треба да платат најмалку 3.750 денари. Значително поскапување има и кај премерот што го прават геодетите, како и за самото изготвување на планот.
Подготвено од М.Д.