marija gabriel

25.03.2024 Скопје

Прес-центарот на ГЕРБ соопшти дека Марија Габриел поднесе официјална изјава дека нема да учествува во собраниската процедура за избор на премиер и нема да предлага структура и состав на Советот на министри.

Документот е доставен до писарницата на Народното собрание утрово во 9:09 часот.

Малку подоцна Теменузка Петкова – заменик-шефот на пратеничката група на ГЕРБ-СДС поднесе предлог-одлука со која се предлага парламентот да констатира дека првиот мандат за формирање влада завршил неуспешно. Како причина за ова се наведува дека Габриел ја повлекла апликацијата, дека го исполнила мандатот и дека нема да учествува во постапката за избор на кабинет.

Според првичниот договор ГЕРБ и „Ја продолжуваме промената“ требаше да ротираат на 9 месеци на премиерската позиција. Но, Габриел наоѓа забелешки.

Николај Денков се најде на низа критики од Габриел, а таа ја оцени како „бесмислена процедурата за избор на нова влада“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author