francija

20.03.2024 Скопје

Француското Министерство за одбрана денеска соопшти дека забелешките на шефот на надворешната разузнавачка служба на Руската Федерација, Сергеј Наришкин, кој сугерираше дека официјален Париз се подготвува да испрати 2.000 војници во Украина, се дезинформации и чин на неодговорност што ја потврдува руската систематска употреба на дезинформации.

„Сметаме дека овој вид на провокација е чин на неодговорност“, се вели во соопштението на француското Министерство за одбрана.

Француско-руските односи дополнително се влошија откако официјален Париз ја зголеми поддршката за Украина преку потпишување билатерален договор за долгорочна безбедносна соработка.

Освен тоа, Франција вети дека ќе испрати голем број крстосувачки ракети со долг дострел во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон исто така зазеде поостар став кон Русија и рече дека „Москва мора да биде поразена“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author