11.03.2024 Скопје
Извршниот директор на „Ербас“, Фијом Фори, изјави дека Европа не е подготвена за војна со Русија или за ризикот дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, доколку се врати во Белата куќа, би можел да ги повлече САД од НАТО и затоа мора да ги зголеми трошоците за одбрана.
Фори, извршен директор на најголемата европска компанија за воздухопловство и одбрана, изјави дека сега е „одлучувачки момент“ за зајакнување на одбранбената индустрија на континентот, откако руско-украинскиот конфликт доведе до војна на границите на западна Европа.
Фори оцени дека европските нации досега премногу се потпираа на САД кога станува збор за набавка на оружје и воена опрема и дека, како резултат на тоа, тие немаат развиено соодветни капацитети во клучните области на одбраната.
Фпри рече дека Европа треба сериозно да ги сфати предупредувањата на Трамп дека САД може да се повлечат од НАТО и да се подготват за такво сценарио.
Главниот извршен директор на Ербас ги повика Европа и Велика Британија да ги здружат силите и да ги спојат програмите за ривалски борбени авиони.
Ербас произведува воена опрема и половина од комерцијалните авиони на глобално ниво.
Подготвено од А.Ѓ.