08.03.2024 Скопје
Финската влада планира да го ограничи правото на штрајк со нови закони.
Има намера да воведе и казна од 200 евра за вработените доколку учествуваат во такви дејствија што судот ги прогласи за незаконски.
Министерот за вработување Арто Сатонен го објави новиот закон и рече дека владата ќе го ограничи времетраењето на политичките штрајкови на 24 часа.
Тој додаде дека правото на штрајк ќе остане непроменето, особено кога станува збор за несогласувања меѓу вработените и работодавачите за платите.
Владата изјави дека е неодржливо за финската економија политичките штрајкови, чија цел е протест против владините политики, да предизвикуваат „несразмерна финансиска штета на приватните компании“.
Финските синдикати со месеци протестираат против владините реформи на трудот и кратењето на социјалната помош, што доведе до неколку големи штрајкови во јануари и февруари, ветувајќи дека ќе продолжат со интензивирање на активностите доколку владата не ги промени своите планови.
Финската економија во последно време не оди добро, па четирипартиската коалиција, која минатата година ја презеде власта, вети дека ќе го запре акумулацијата на јавниот долг.
Подготвено од А.Ѓ.