PIPERKI 2

13.03.2024 Скопје

Лутата пиперка во Струмичко, која најмногу е засадена под пластеници и фолии во селото Банско, се откупува по 6 денари за едно парче и во споредба со лани откупната цена е помала за еден до два денари. Производителите велат дека за нив се исплатливи ланските откупни цени и дека откуп под 8 денари е неисплатлив.

„Има интерес за нашата лута пиперка и тоа најмногу од трговци од Србија и Косово. Ја купуваат по 6 денари за парче и засега тоа не е исплатливо за нас. Доколку до крајот на сезоаната се задржи оваа цена можеби ќе излеземе некако на крај, но стравуваме да не падне под 6 денари. Сега е екот на бербата на лутата пиперка, има голема понуда, но и побарувачка од трговците. Дневно некои берат и по 30 илјади парчиња пиперка, но како што поминува времето родот ќе се намалува“, вели Даме Тренчовски, производител на лути пиперки од селото Банско.

Благодарение на затоплувањето на пластениците со топла вода од термалните извори во близина на селото Банско, производството на лути пиперки стасува порано и е поисплатливо од другите начини на раноградинарско производство за кои се користат други извори на затоплување.

Подготвено од М.Д.

About Author