ali ahmeti

20.03.2024 Скопје

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на вчерашната прес-конференција ја официјализираше коалицијата на Европскиот фронт со лидерот на Народното движење, Скендер Реџепи-Зејд.

Зошто сакаме да бидеме дел од ЕУ? Затоа што не само на нашата земја, туку и на Балканот му е потребен повеќе мир и стабилност, за повеќе иднина затоа што сето ова што се случува околу нас и подалеку од нас, има име, се вика Русија и ние не случајно се договоривме и со Скендер Реџепи, ДА на Европа, а НЕ на Русија.

Русија не е залак што треба да се потцени, затоа што влезе во нашата земја, кај нас формираше партии, кај нас има медиуми, кај нас воспостави милитанти кои сакаат да го скршат нашиот цврст воспоставен пат. Ние сакаме мирен Балкан и сакаме нашата земја да биде мирна и да се приклучи како што сме во НАТО и во ЕУ.

Затоа, Ве повикувам како браќа и сестри на целосна мобилизација, на 24 април ние имаме референдум, дали ќе одиме напред или ќе останеме заглавени во место. На 8-ми мај ќе се одлучува и за повторување на овој референдум, ќе одиме напред или ќе заглавиме на место?

Очигледно ни е важно да победиме на овие избори и на овој референдум без прашање, останатото е на нас кои ни го доверивме како ќе ги развиваме настаните што следат по 8 мај.

Подготвено од М.Д.

About Author