19.03.2024 Скопје
Со „Ода на радоста“, ДУИ го најавија формирањето на Европскиот фронт за изборите. Али Ахмети и Скендер Реџепи – Зејд, кој откако излезе од Алтернатива ја формираше партијата „Народот“, потпишаа договор за коалицирање.
Се очекува да им се придружат и ДПА на Мендух Тачи, ЕДП на Аријанит Хоџа и крилото на Зијадин Села од Алијанса за Албанците.Но, повика и други партии, со што за првпат излезе од албанскиот изборен формат.
На прашањето, дали би го примил Изет Меџити доколку посака да се врати во старото јато, кусо порача „да си остане маж и да си го тера тоа што го почнал. Побара поддршка за нивниот кандидат Бујар Османи, велејќи дека изборниот ден е референдум за иднината.
Во овој фронт дефинитивно не влегуваат Социјалдемократите, а на прашањето, зошто е тоа така, нивниот претседател одговори дека е добро што ќе бидат две коалиции кои се залагаат за побрза интеграција на државата во ЕУ.
СДСМ на изборите ќе одат во коалиција со своите досегашни партнери, додека албанскиот блок е поделен на два табора.
Опозицијата се здружи во коалицијата „ВРЕДИ„, составена од крилото АА на Арбен Таравари, Движењето „Беса„ на Биљал Касами, „Демократско движење„ на Изет Меџити и „Алтернатива„ на Африм Гаши, со поддршка од Движењето „Самоопределување„ од Косово.
Подготвено од М.Д.