mickovski-pres-6

28.03.2024 Скопје

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски  порача дека Европската унија треба да е јасна кон Македонија и да каже што треба да се направи, бидејќи Република Северна Македонија направи големи жртви.

Мислам дека ЕУ треба да дојде и да каже што сака од Македонија и од овој народ. Република Северна Македонија направи многу за европските вредности, сменивме многу работи. Се направија многу отстапки верувајќи на зборот на европските политичари. Но, факт е дека тие не си го исполнија ветеното, а тука се правеше се, македонските политичари прифатија се, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Потенцираше дека тој непринципиелен однос треба да престане.

Токму затоа ние велиме ние сме подготвени да седнеме и да разговараме за тоа што овој народ може да очекува, што може да се направи, потенцираше Мицкоски.

Mицкоски повтори деека нема да прифатат диктат како овој сега од Бугарија.

Ние повеќе од две и пол децении откако го почнавме патот не сме почнале преговори, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Подготвено од М.Д.

About Author