letno i zimsko smetanje na vremeto

02.03.2024 Скопје

Преминот кон летното сметање на времето ќе се случи на крајот на март.

Ноќта од сабота, 30 март, до недела, 31 март, стрелката се поместува од 02:00 до 03:00 часот.

Така, на 31 март во 2 часот по полноќ, часовниците се поместуваат еден час напред и започнува летното сметање на времето.

На 27 октомври повторно се враќаме во зимската сезона.

Зошто ги движиме стрелките?

Новозеландскиот ентомолог Џорџ Вернон Хадсон е одговорен за движење на стрелките на часовникот.

Имено, врз основа на неговото истражување за приспособување на животот во различни услови, тој дошол до заклучок дека на човекот повеќе му одговара живот преку ден отколку ноќе, и поради оваа причина, во 1895 година, предложил стрелките на часовникот да се поместат два часа понапред за во летниот период да може да се искористи повеќе од дневната светлина отколку во попладневните часови.

Поместувањето на часовникот го воведоа Германците

Практиката на поместување на часовникот првпат ја воведоа Германците во 1916 година, а потоа им се придружија Велика Британија и САД. Во моментов, повеќето земји во Европа и речиси цела Северна Америка ги поместуваат стрелките на часовникот двапати годишно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author