13.03.2024 Скопје
Европската унија подготвува пакет од 7,4 милијарди евра за поддршка на египетската економија, поради стравувањата дека конфликтите во Газа и Судан би можеле да ги влошат финансиските проблеми на земјата и да го зголемат имиграцискиот притисок врз Европа.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во недела ќе отпатува за Каиро со грчкиот, италијанскиот и белгискиот премиер за да го финализира договорот.
Договорот вклучува поддршка за енергетскиот сектор во Египет и помош во справувањето со зголемениот број судански бегалци во земјата.
Исто така, со овој договор, Брисел се обврзува да помогне во зајакнувањето на границата на Египет со Либија, од каде најголем број мигранти го минуваат Средоземното Море на пат кон Европа, според неколку функционери на ЕУ брифирани за ова прашање.
Планираниот пакет вклучува 7,4 милијарди евра грантови и заеми до крајот на 2027 година, а околу една милијарда евра итна финансиска помош може веднаш да се исплати.
Подготвено од А.Ѓ.