27.03.2024 Скопје
Европската унија (ЕУ) објави дека високиот степен на меѓународен надзор е некомпатибилен со европската иднина на БиХ и очекува сите актери да се однесуваат одговорно и да покажат воздржаност во наредниот период.
Откако Кристијан Шмит, кого Република Српска не го признава за висок претставник во БиХ, донесе одлука за измени на Изборниот закон, Европската унија потсетува дека извршните овластувања на високиот претставник треба да се користат само како последно средство против непоправливите незаконски дејствија.
„ЕУ очекува домашните власти да ги спроведат неопходните реформи кои ќе обезбедат дека изборите ќе се спроведат во согласност со европските стандарди преку имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и релевантните препораки на Венецијанската комисија, како и да обезбедат транспарентноста на финансирањето на политичките субјекти“, се вели во изјавата на Петер Стано, портпарол на ЕУ.
ЕУ изрази голема предност Парламентарното собрание на БиХ да биде тој што ќе преземе одговорност и ќе ги усвои реформите, како што лидерите на коалицијата на ниво на БиХ се обврзаа да го сторат и да го сторат тоа навремено со цел да да ги спроведе на локалните избори во октомври.
По одлуката на Европскиот совет за отворање на пристапните преговори, Унијата нагласува дека продолжува да работи со локалните власти за да се постигне напредок на европскиот пат.
Подготвено од А.Ѓ.