Image by Freepik

06.03.2024 Скопје

Европската унија постигна договор за забрана до 2030 година на пластична амбалажа за храна, како и пластични чини и пластичен прибор за еднократна употреба во угостителството.

Пакувањето од хартија или картон сепак ќе биде дозволено.

Европратениците се согласија за тој клучен текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта да се намали количината на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018 до 2030 година, потоа за 10 отсто до 2035 година и за 15 отсто до 2040 година.

Забрането е и додавање на полифлуороалкилни материи во пакувањето на храната, кои се штетни „вечни загадувачи“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author