05.03.2024 Скопје
Европската комисија утре ќе предложи низа мерки со кои ЕУ ќе ја префрли својата индустрија за оружје во „режимот на економијата во период на војна“.
ЕУ се реши на овој чекор со цел да обезбеди подобар одговор на руската специјална воена операција на тлото на Украина.
Европскиот комесар за индустрија, Тиери Бретон, ќе презентира предлози за поттикнување на земјите од ЕУ заеднички да купуваат повеќе оружје од европските компании, со цел да им помогне на овие компании да го зголемат својот производствен капацитет.
Бретон истакна дека мора да се промени парадигмата и да се премине во режим на воена економија. Како што изјави тој, ова, исто така, значи дека европската одбранбена индустрија мора да преземе повеќе ризици, „со наша поддршка“.
„Европа ќе мора уште повеќе да ја зајакне својата одбрана во случај поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно критикуваше одредени членки на НАТО, биде избран за претседател на САД“, посочи тој.
Бретон додаде и дека во сегашниот геополитички контекст, Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност, без оглед на исходот од изборите на сојузниците на секои четири години.
Предлозите на Бретон вклучуваат создавање механизам за помош на земјите кои не се членки на ЕУ да купат оружје од европските производители.
Предлозите ќе ги анализираат и членките на НАТО, кои претходно ги поздравија напорите на ЕУ да им помогне на одбранбените капацитети на ЕУ, но и предупредија дека потезите на ЕУ не смеат да бидат во конфликт со работата на Алијансата.
Подготвено од А.Ѓ.