Gabriel Escobar in North Macedonia

15.03.2024 Скопје

Американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, по средбата со премиерот на приштинските институции, Албин Курти, изјави дека прашањето за употребата на динарите на Косово и Метохија е „итно хуманитарно прашање што мора да се решеи веднаш“.

„Нашите односи се соочуваат со предизвици поради третманот на српското малцинство во Косово. Тоа е итно хуманитарно прашање што мора веднаш да се реши“, изјави Ескобар за новинарите во Приштина.

Тој додаде дека одлуката на централната банка во Приштина да ја забрани употребата на динарот го отежнува животот на Србите на Косово и Метохија, посочувајќи дека САД се загрижени поради тоа.

Американскиот дипломат изјави дека за време на посетата на Косово и Метохија разговарал со Србите кои му укажале на предизвиците со кои се соочуваат поради декретот за забрана на динарите.

„Тоа се најранливите граѓани, како што се лицата со инвалидитет, пензионерите и студентите. Ме трогнаа нивните приказни за тоа како декретот влијаеше врз нив. Премиерот Курти вети дека ќе разгледа некои од предлозите што му ги дадов денес“, рече Ескобар.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author