22.03.2024 Скопје
Меѓународната федерација на Црвениот крст соопшти дека поради екстремниот студ во Монголија угинаа повеќе од 4,7 милиони животни и поради тоа е загрозена егзистенцијата и снабдувањето со храна на илјадници луѓе.
Монголија ја погоди најстудената зима во последните 50 години.
Од ноември минатата година, најмалку 2.250 семејства кои се занимаваат со сточарство изгубиле повеќе од 70 отсто од својот добиток, а повеќе од 7.000 семејства немаат пристап до соодветна храна.
Екстремната зима зафати три четвртини од Монголија, а се очекува дополнително влошување на временските услови.
Екстремната зима во Монголија се карактеризира со ниски температури и длабок снег и мраз кои ги покриваат областите за пасење, спречувајќи пристап до добиточна храна.
Околу 300.000 луѓе во Монголија се традиционални номадски сточари и зависат од сточарството.
Подготвено од А.Ѓ.