11.03.2024 Скопје
Во најновиот извештај од ЕЕА се наведува дека шумските пожари зафаќаат домови во Европа, а хаотичните временски услови доведуваат до оптоварување на јавните финансии.
Од ЕЕА наведуваат дека е потребно дополнително дејствување за решавање на половина од 36 значајни климатски ризици со потенцијално тешки последици.
Извршната директорка на ЕЕА, Леена Ила Мононен, истакна дека нивната нова анализа покажува дека Европа се соочува со итни климатски ризици кои растат побрзо од европската подготвеност.
Во извештајот е разгледано колку се сериозни климатските закани и колку добро Европа е подготвена да се справи со нив.
Според анализата и самиот извештај, најитните ризици се оние кои стануваат се полоши кога загадувањето со фосилни горива ја загрева планетата, кога има топлотни удари и поплави.
Подготвено од А.Ѓ.