29.03.2024 Скопје
Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во скопска Железара.
Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството на лекар во скопската населба Железара, информираат денеска од Обвинителство во врска со убиството за матичниот лекар Ацо Трпковски пред поликлиниката Железара во Скопје.
Предлогот е прифатен и бараната мерка е определена.
Подготвено од М.Д.