07.03.2024 Скопје
Според најновите податоци, довербата во компаниите кои се занимаваат со вештачка интелигенција (ВИ) паднала на 35 отсто во период од пет години во САД, објави консултантската компанија Еделман.
Оваа американска фирма за односи со јавноста наведува дека довербата во компаниите со вештачка интелигенција опаднала и на глобално ниво за осум поени – од 61 отсто на 53 отсто.
Студијата, исто така, откри дека, врз основа на припадноста на американските политички партии, демократите покажуваат најголема доверба во компаниите со вештачка интелигенција со 38 проценти, наспроти републиканците – 24 проценти и независните – 25 проценти.
Претседателот на Еделман за глобална технологија, Џастин Весткот, вели дека неколку фактори придонеле за падот на довербата во овие компании.
„Клучни меѓу нив се стравувањата поврзани со заканата за приватноста, имено потенцијалот на вештачката интелигенција да ги девалвира човечките придонеси“, рече тој.
Тој додаде дека „податоците укажуваат на воочен недостаток на транспарентност и отчетност во тоа како компаниите со вештачка интелигенција работат и се ангажираат со социјалните влијанија“.
„Пред осум години, технологијата беше водечка индустрија кога станува збор за доверба, со 90 отсто од испитаниците во земјите што ги проучувавме, а сега само половина најмногу и веруваат“, напишаа истражувачите.
Барометарот на доверба на Еделман опфаќа 32.000 луѓе во 28 земји.
Подготвено од А.Ѓ.