22.03.2024 Скопје
Протест најавуваат и младите лекари и приватните специјализанти. Под мотото „Достоинство за младите лекари“, протестот ќе се одржи на 27-ми март пред Министерството за здравство.
Причините за најавениот протест се поради платите на приватните специјализанти кои останаа на 26.000 денари и не беа опфатени со ниту едно покачување во здравството, иако договорот со Министерството за здравство беше дека платата ќе се исплаќа на ниво на просечната.
Освен тоа специјализантите повторно останаа без здравствено осигурување, кое им било укинато без никакво образложение.
Подготвено од М.Д.