https://www.facebook.com/photo/?fbid=319019867084651&set=pb.100069299196115.-2207520000..

25.03.2024 Скопје

„Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти  претседателот на партијата, Стојанче Ангелов. Тој информираше дека раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО – ДПМНЕ.

Поради неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необештетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, во согласност со моите јавни укажувања и барања од мај, минатата година, повторени во многу мои јавни настапи во периодот потоа“, „Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од СДСМ, истакна Стојанче Ангелов.

Иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од страна на поранешниот премиер, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале.

Тој информираше дека на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и на претседателот Ковачевски им предложил да понуди оставка од позицијата директор на ЦУК, но, како што дополни, од нивна страна тоа не било прифатено и тој останува да го предводи ЦУК до формирањето на следната влада.
„Годините кои ги поминав во коалиција со СДСМ ми овозможија да се ослободам од моите претходни политички предрасуди, бидејќи таму запознав и станав пријател и другар со многу добри и чесни луѓе, како и искрени патриоти и одлични професионалци“, рече Ангелов.

Проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители, како што дополни, не е единствената причина поради која излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ, но, рече, поради политичка коректност, во овој момент нема намера да навлегува во понатамошни објаснувања.

Подготвено од М.Д.

About Author