28.03.2024 Скопје
АП6 Протоколот во Република Северна Македонија беше ратификуван на 9-ти Декември, 2020 со Законот број 291/2020.
ЦЕФТА Договорни страни се Албанија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово.
Но, зошто услуги? Трговијата со услуги расте побрзо од стоките. Иако услугите директно сочинуваат само околу 1/4 од глобалната трговиjа, тие придонесуваат за 45 отсто од глобалната трговиjа во смисла на додадена вредност. Ова е затоа што глобалните синџири на вредност се сè повеќе услужно интензивни.
Сите бизниси можат да имаат корист од AП6 (дури и во земјоделството и индустријата) бидејќи ќе имаат пристап до поефикасни посреднички услуги. Обврските на АП6 ги либерализираат секторите како што се професионалните услуги (ревизија, архитектура, инженерство, правни, итн.), компјутерските и сродни услуги, телекомуникациите, градежништво, дистрибуцијата, финансиски теуслуги, здравство, образование, туризам и услуги поврзани со патување и транспор
Согласно АП6, бизнисите ќе имаат корист од гарантираниот пристап на пазарот и националниот третман кон другите ЦЕФТА страни, што претставува значителен чекор напред во регионалната соработка. АП6 е важен и за владите и за бизнисите бидејќи има за цел да ја зголеми ефикасноста на ресурсите, да промовира иновации и трансфер на технологија, да обезбеди пристап до поефикасни посреднички услуги, да ги намали цените, да ги прошири опциите на потрошувачите и, генерално, да ги олесни инвестициите и влезот на нови пазари.
Благодарение на ЦЕФТА АП6, бизнисите во регионотможе да: Уживаат зголемен пристап до нови пазари, да го прошират опсегот на своето делување и да капитализираат врз основа на нивната конкурентна сила Изнајдат синергии и потенциjални партнерства со други компании и добавувачи од страните на ЦЕФТА.
Се запознаат со европските нивоа на либерализациjа на трговиjата со услуги и протокот на работната сила. АП6 ја поставува основата за: Дозволување на физички лица да вршат услуги на територијата на Страните. Отстранување на бариерите во трговијата, како што се барањата за лиценцирање или професионалните квалификации. Развивање на програми за взаемно признавање на документи и процедури меѓу Страните.
Елиминирање на деловните практики на добавувачите на услуги кои може да ја ограничат конкуренцијата и да ја ограничат трговијата со услуги. Развивање на регионална електронска трговија. Понатамошно продлабочување на регионалната економска интеграција и усогласување со регулаторната рамка на ЕУ.
Подготвено од М.Д.