upraven_sud_1

22.03.2024 Скопје

Управниот суд донесе пресуди со кои поништи три незаконски одлуки на Владата.

Станува збор за две решенија за формирање на комисии за распоредување и една телеграма за спроведување на интерен оглас за пополнување на слободни работни места во МВР донесени од моја страна, а кои беа незаконски поништени од Владата.

Имено, Управниот суд оцени дека тужениот орган, односно Владата при донесување на оспорените одлуки сторила повреда на правилата на постапката, предвидени со член 48 од Законот за Влада, од причина што во ситуација на несогласување помеѓу министерот и дополнителниот заменик во Министерството за внатрешни работи кое произлегува од доставените известувања на дополнителниот заменик на министерот во врска со тоа дали предметните акти кои се донесени од министерот претставуваат правно, финансиски и кадровско прашање кое се однесува на организација на изборите, Владата се впуштила во оценување на законитоста иако била должна да ги упати страните ова спорно прашање да го решаваат пред Државната изборна комисија која е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и истата да ја проследи до Министерството.

Подготвено од М.Д.

About Author