12.03.2024 Скопје
Луѓето почнуваат да доживуваат когнитивно опаѓање како што стареат.
Еден од главните фактори што го забрзува овој процес е осаменоста. Сепак, научниците открија дека поседувањето домашно милениче може да ги ублажи негативните ефекти на изолацијата врз стареењето на мозокот.
Како резултат на експериментите спроведени меѓу речиси осум илјади учесници постари од 50 години, научниците од Универзитетот Сун Јат-сен (провинција Гуангдонг, Кина) успеаја да го споредат профилот на стареење на мозокот кај оженетите и слободните луѓе кои живеат со домашни миленици.
Се покажа дека кај овие други падот на нивото на вербалната меморија, флуентноста на говорот и другите когнитивни функции се случува побавно. Ова сугерира дека поседувањето домашно милениче може да биде поврзано со побавно стареење на мозокот кај осамените луѓе.
Но, што објаснува ова? Факт е дека чувството на целосна изолација е често придружено со депресија, што само го влошува падот на менталната активност. А, домашно милениче, особено куче, може да послужи како „водич“ за големиот свет или, фигуративно кажано, катализатор на меѓучовечките односи.
Подготвено од А.Ѓ.