DIK

21.03.2024 Скопје

ДИК врши проверка на поднесените листи за претседател на државата. Има рок од 24 часа кои стартуваат по приемот на листите, но исто толкав рок да побараат од, како што посочува Роковникот, „да достават барање до институциите кои поседуваат податоци за исполнетост на условите“.

Потоа треба да ги извести кандидатите да ги отстранат евентуалните неправилности. Сите 7 листи беа поднесени вчера во рамки на законскиот рок.

СДСМ изрази сомневање дека ВМРО ДПМНЕ нема собрано доволно валидни законски потписи од граѓаните за Гордана Силјановска-Давкова и дека тоа е причината што до ДИК се доставени само потписите од 30 пратеници.

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Стево Пендаровски дека лажел кога ветил дека нема да го потпише указот за договорот со Бехтел и Енка доколку се изгласа 60-часовна работна недела.

И Коалицијата „Вреди“ обвинува за лажење. Во нивниот фокус е ДУИ, која наводно имала договор со СДСМ за премиер Албанец не за 100 дена туку за 2 години.

Изборната кампања почнува на 4 април, 20 дена пред изборното соочување на претседателските кандидати на 24 април.

Подготвено од М.Д.

About Author