dik centar za obuka

22.03.2024 Скопје

Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди кандидатурите на седуммината претседателски кандидати за изборите на 24 април. Редниот број на кандидатите на избирачкото ливче ќе се знае најдоцна до 28 март кога треба да биде извршена жрепката во ДИК.

На седмите претседателски избори нов мандат ќе бара Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и коалицијата, а негови противкандидати се Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Максим Димитриевски од ЗНАМ, Билјана Ванковска Цветковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ и Арбен Таравари поддржан од албанската опозициска коалиција „Вреди“.

Изборната кампања за претседателските избори закажани за 24 април годинава, започнува на 4 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 22 април.

Најголем дел од политичките партии веќе ги соопштуваат носителите на листи за парламентарните избори (8 мај), а дел од нив своите претствувања ќе ги имаат викендов. Кандидатските листи за парламентарните избори до ДИК треба да бидат доставени најдоцна до 2 април.

Подготвено од М.Д.

About Author