15.03.2024 Скопје
Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) соопшти дека уништила девет противбродски проектили и две беспилотни летала во областите во Јемен под контрола на Хутите.
„Јеменските бунтовници Хути истрелаа две противбродски балистички ракети од Јемен кон Аденскиот Залив и два проектили кон Црвеното Море. Нема повредени и не е предизвикана штета на американските бродови или на бродовите на коалициските сојузници“, соопшти американската војска.
Британската агенција за поморски трговски операции (УКМТО) денеска соопшти дека трговскиот брод бил оштетен откако бил погоден со проектил кога се наоѓал на околу 140 километри западно од брегот на Јемен, во близина на Ал Худајда.
Хутите од ноември ги напаѓаат комерцијалните бродови во Аденскиот Залив и Црвеното Море, поради, како што велат, одговор на израелските напади врз Појасот Газа
Подготвено од А.Ѓ.