14.03.2024 Скопје
Следниот премиер на Холандија нема да биде ниту еден од лидерите на четирите десничарски партии, кои ги продолжуваат преговорите за формирање влада.
Четирите партии сакаат да преговараат за влада која би можела да вклучи поединци кои не биле на изборните листи, велат изворите, откако лидерот на партијата, Ким Путерс, изјави дека партиите се подготвени да го направат следниот чекор.
Герт Вилдерс (ПВВ), Дилан Јешилгоз (ВВД), Питер Омзигт (НСЦ) и Каролин ван дер Плас (БББ) ќе бидат пратеници.
Овие десничарски партии сакаат да преговараат за концизен коалициски договор, а изворите велат дека ова е единствениот начин овие партии да се обидат да постигнат договор.
Изворите открија и дека партиите меѓу себе ќе одлучуваат кого ќе предложат за премиер и други функции во кабинетот, а намерата е партиските лидери да се сретнат во Долниот дом.
Во таква замислена влада, позиции можат да пополнат политичари од други партии или дури и други личности кои се експерти во одредена област.
Подготвено од А.Ѓ.