DENOVI NA ITALIJANSKI DIZAJN 2024

20.03.2024 Скопје

Започнаа „Деновите на италијанскиот дизајн” во Скопје, кои се спој на италијанскиот дизајн и одржливост.

И овој март, сведоци сме на модната револуција која Скопје го става на глобалната мапа на одржлива мода, благодарение на Моден Викенд Скопје, кој по 28 пат е доказ и за трајното наследство, но и на иновативната иднина на модата.

Под покровителство на Амбасадата на Република Италија во Скопје, ITA – Италијанската трговска агенција, East Gate Mall и визионерскиот Моден Викенд Скопје, овој настан го надминува конвенционалното – тоа е наратив, дијалог меѓу културите и поттикнувач на иновациите.

Од свеченото отворање вчера, во East Gate Mall, каде што италијанскиот етос на дизајнот се сретна со современата одржливост, под мотото „Создавање вредност: инклузивност, иновации и одржливост“, зборовите на неговата екселенција Андреа Силвестри-амбасадор на Италија во Скопје го потврдија фактот за безвременската филозофија на концептот Made in Italy.

Подготвено од М.Д.

About Author