08.03.2024 Скопје
Светот денеска го одбележува 8ми март денот кој е посветен на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Осми март за Меѓународен ден на жената е прогласен од страна на Обединетите нации, а за прв пат е одбележан во 1909 година во САД.
Цел е да се стави акцент на улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.
Симболиката на овој празник треба да биде актуелизирање на барањата за подобрување на условите на работа на жените и квалитативно подобрување на нивниот социјално-политички статус во општеството, нешто што пред многу години го започнаа Клара Цеткин и Роза Луксембург кои го подигнаа гласот за изедначување на правата меѓу жените и мажите.
Подготвено од М.Д.