voda vo svetot

22.03.2024 Скопје

Секоја година денеска се одбележува Светскиот ден на водата, а неговата цел е да ја подигне свеста и да инспирира акција за решавање на проблемот со кризата со вода и хигиена.

Институтот за здравје и безбедност на храна Зеница истакна дека темата на Светскиот ден на водата 2024 година е „Управување со водите за мир“, а насловот на Извештајот за Светскиот развој на водите е „Користење на водата за мир и просперитет“. Додека пак, кампањата за Светскиот ден на водата е едноставно наречена
„Вода за мир“.

Имено, го одбележуваат Обединетите нации, координирани од UN-Water и предводени од една или повеќе членки и партнери на UN-Water со сроден мандат.

Според Институтот за здравје и безбедност на храна Зеница, водата може да создаде мир или да предизвика конфликт. Кога водата е дефицитарна или загадена, или кога луѓето немаат еднаков или никаков пристап до вода, тензиите може да се зголемат меѓу заедниците и земјите.

„Повеќе од три милијарди луѓе ширум светот зависат од водата што ги преминува националните граници. Сепак, од 153 земји кои делат реки, езера и водоносни слоеви со своите соседи, само 24 земји имаат договори за соработка за сите заеднички води. Како ефектите од климатските промени се зголемуваат, постои итна потреба во и меѓу земјите да се обединат за да се заштитат и зачуваат нашите најскапоцени ресурси. Како што популацијата ќе расте, водата ќе станува сè поважна во борбата против сиромаштијата и деградацијата на животната средина. Јавното здравје и просперитет, системи за храна и енергија, економската продуктивност и еколошкиот интегритет се потпираат на добро функционален и правилно управуван воден циклус“, велат тие.

Исто така, како што додаваат, во минатото имало многу повеќе случаи на соработка отколку конфликти за вода, но има уште многу да се направи. Мора да дејствуваме во согласност со сознанието дека водата не е само ресурс за кој треба да се користи и да се натпреварува – таа е човеково право својствено за секој аспект од животот.

„Соработката за прекуграничните води е неопходна за мир и просперитет. Владите треба да соработуваат билатерално, регионално или глобално, на пример преку потпишување и имплементација на Конвенцијата на Обединетите нации за вода и Конвенцијата за водни текови“, наведува ИНЗ.

Тие предупредуваат и дека денес две милијарди и 200 милиони луѓе се уште се без безбедна вода за пиење, вклучувајќи 115 милиони луѓе кои пијат површинска вода.

Околу половина од светската популација доживува сериозен недостиг на вода барем дел од годината.

„Овие бројки се очекува да се зголемат, влошени од климатските промени и растот на населението. Само 0,5 проценти од водата на Земјата е употреблива и достапна свежа вода, а климатските промени опасно влијаат на тоа снабдување. Во текот на изминатите дваесет години, копненото складирање на вода – вклучувајќи ја почвата влага, снег и мраз – се намалува со брзина од 1 сантиметар годишно, со големи последици по безбедноста на водата“, наведуваат оттаму.

ИНЗ забележува дека катастрофите поврзани со вода доминираат на листата на катастрофи во последните 50 години и сочинуваат 70 отсто од сите смртни случаи поврзани со природни катастрофи.

Податоците на ОН покажуваат дека придобивките од инвестирањето во вода и канализација ги надминуваат трошоците, бидејќи тоа може да го подобри здравјето, продуктивноста, животната средина и социјалните резултати. Секој долар, евро или било која друга валута инвестирани во вода и канализација носи поврат од 4,3 пати повеќе.

Подготвено од А.Ѓ.

 

About Author